Џанлука Скамака постигна еден фантастичен гол и беше главен при постигнувањето на уште еден за да ги предводи Сасуоло до импресивна 2:1 победа на „Сан Сиро“ против Милан, кои по совршениот старт на сезоната сега имаат два порази во низа.
„Росонерите“ дојдоа во водство во 21. минута преку Алесио Ромањоли, но тогаш блесна 22-годишниот поранешен напаѓач на Џенова, Скамака, кој прво во 24. минута постигна апсолутно прекрасен гол од огромна далечина, за во 33. минута да ја нафрли топката по која Симон Кјер си ја смести топката во сопствената мрежа. Скамака е еден од фудбалерите кои се поврзува со трансфер токму во Милан, така што на најдобар начин им демонстрираше на шефовите на клубот за што е способен.

