Сосема очекувано, Македонија ги стартуваше квалификациите за Светското првенство во кошарка во 2023 со пораз од Шпанија, откако во „Јане Сандански“, „фуријата“ покажа дека, сепак, е во друг кошаркарски универзум во споредба со нашата репрезентација.
По првото полувреме, во кое ако не бевме целосно рамноправни, тогаш барем ја оддржувавме разликата, во третата четвртина, шпанската репрезентација ја покажа својата сила и направи предност од 47:70 пред последната четвртина. Теодор Симиќ беше најефикасен со 18 поени, Џејкоб Вајли додаде 10, додека за Шпанците Јанкуба Сима имаше 17 поени.

