26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна кросоверот „Kia Niro“ (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна кросоверот „Kia Niro“ (ФОТО/ВИДЕО)

Корејскиот производител „Kia“ на јавноста и ја покажа новата генерација на својот кросовер „Niro“, кој доживеа голема промена. Ова е еден од ретките случаи во кои следната генерација на возило е сосема поинаква од својот претходник.

Развојот на новата генерација во „Kia“ беше инспириран од концептот „MabaNiro“ од 2019-та година, што особено се гледа од двобојната каросерија и широкиот заден дел. Генерално, новиот модел го добива актуелниот корпоративен дизајн на брендот, базиран на екологија и модерност. Предниот дел на „Niro“ има препознатлива маска на ладилникот во стилот на „Tiger Smile“, но со радикално редизајнирани фарови и светла.

Смелите дизајнерски одлуки продолжуваат и во задниот дел, каде „LED“ фаровите имаат оригинална форма со интересна шема. Промените во споредба со концептниот модел вклучуваат конвенционални предни врати наместо врати со „ножици“ инсталирани на „HabaNiro“. Додадени се и задни врати, како и стандардни ретровизори кои ги заменуваат камерите.

Внатрешноста исто така е целосно редизајнирана и изгледа значително поквалитетно, додека има распоред на контролната табла сличен на таа кај новиот „Sportage“. Овде, исто така, се потпира на паралелни екрани, бидејќи контролата на информацискиот систем е одвоена од онаа на поставките за климатизација и другите функции.

Дефинитивно здодевната и несмасна рачка на менувачот на претходниот „Niro“ е заменета со поелегантно вртливо копче, кое ослободува повеќе простор на дното на централната конзола. Новиот прекинувач е опкружен со дополнителни физички копчиња за греење и проветрување на седиштата, загревање на воланот, функција за автоматско задржување лента и систем за помош при паркирање.

„Kia“ се потпира и на екологијата, бидејќи внатрешноста е направена од рециклирани материјали, а седиштата се направени од посебен материјал со листови еукалиптус. Исто така, дизајнирани имајќи ја предвид издржливоста, панелите на вратите се обоени со „BTX“ – тип на боја на база на вода без изомери на бензен, толуен и ксилен.

Засега, корејската марка не ги откри техничките спецификации на моделот, за кој е познато дека е достапен како хибриден – стандарден и „plug-in“, како и во електрични верзии. Лансирањето на пазарот е планирано за 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП