Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, е виновен во случајот „Валбуена“. Судот претпладнево го казни Бензама со едногодишна условна затворска казна и глоба од 75.000 евра.
Случајот „Валбуена“ е од 2015 година. Бензема бил еден од луѓето што вршеле притисок врз Валбуена да им плати на уценувачите за тие да не го објават во јавноста неговото порновидео.

