21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер ќе се обиде да го купи Касилјас

Венгер ќе се обиде да го купи Касилјас

iker

Менаџерот на „топџиите“, Арсен Венгер ќе се обиде да ги измие дамките од досегашниот дел на преодниот рок, така што ќе се обиде да го ангажира голманот на Реал Мадрид, Икер Касилјас.

Раководството на Арсенал е подготвено да плати за 32-годишниот чувар на мрежата на „кралевите“ осум милиони фунти, а според медиумите од Островот тимот од Мадрид не сака да се откаже од моментално резервниот голман за помалку од 15 милиони фунти.

„Топџиите“ во овој преоден рок ги загубија трките за главните мети Гонзало Игуаин, Луис Суарез и Луис Гонзало, па поради тоа навивачите се лути, а особено по првиот натпревар во новата сезона кога на „Емирати“ екипата беше поразена од Астон Вила.

Арсенал неодамна беше заинтересиран и за Жулио Цезар, но поранешниот голман на Интер е задоволен во редовите на КПР кој настапува во Чемпионшип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП