Новата ТВ-серија во продукција на „Амазон прајм“ под наслов „Марадона: Благословениот сон“, стана глобален хит откако во десет епизоди ги покажува најдобрите, но и најлошите моменти од животот на единствениот Диего Армандо Марадона.
Со Хуан Паломино во главна улога, серијата го прикажува Марадона не само во блескавите моменти како освојувањето на светската титула, туку и темната страна – многубројните неверства при бракот со Клаудија Вилјафране и, секако, борбата со дрогата – првиот кадар е сцена во која 40-годишниот Диего колабира од предозирање во 2000.

