20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ Диара си замина од Анжи

И Диара си замина од Анжи

diara

Уште фудбалер го напушти Анжи, откако клубот нагло го смени курсот и реши да се ослободи од платените ѕвезди.

Францускиот фудбалер Ласана Диара премина во Локомотив Москва и го следеше Мбарк Бусуфа, кој уште минатата недела потпиша со „железничарите“. Во Локо Диара ќе носи дресот со број 85, кој го носеше и во Анжи. Договорот фрнцузинот е за 3 години.

Монако и Рубин беа другите кандидати за потписот на Ласана, но најдобрата понуда дојде од Локомотив.

Халфот одигра вкупно 18 натпревари за Анжи по трансферот вреден 5,3 милиони евра од Реал Мадрид минатата есен. Анжи веќе ги продаде на Динамо Москва за вкупно 45 милиони евра Јуриј Жирков, Игор Денисов и Мбарк Бусуфа, и Олег Шатов на Зенит за 4 милиони евра.

Следните кои ќе си заминат од Махачкала, се поранешниот одбранбен играч на ЦСКА, Жоао Карлос, Ласина Траоре и Вилиан кој е пред договор со Тотенхем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП