Новак Ѓоковиќ продолжи да го подобрува сопствениот рекорд. Ѓоковиќ ја започна 348.недела на првото место на АТП листата. Бодовното салдо го зголеми и покрај поразот во полу-финалето на Завршниот мастерс во Торино.
Ѓоковиќ, во Торино забележа три победи, освои 600 бодови, сега на врвот има 11.540 бодови. Медведев ја намали разликата за 400 бода во однос на Ѓоковиќ. Рускиот тенисер, не успеа да ја одбрани титулата на Завршниот мастерс.

