26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААпликацијата на Тесла „забега“, возачите не можеа да ги отклучат возилата

Апликацијата на Тесла „забега“, возачите не можеа да ги отклучат возилата

Сопствениците на Тесла не можеа да ги отклучат своите автомобили откако апликацијата на компанијата престана да работи.

Стотици сопственици на возилата на Тесла се пожалија на социјалните мрежи, споделувајќи пораки за грешка исфрлени од мобилната апликација задолжена за отклучување на возилата.

Директорот на компанијата Илон Маск лично одговорил на жалбата на возач од Јужна Кореја за да провери што се случило, а малку подоцна на Твитер напишал дека апликацијата многу брзо повторно ќе проработи.

Апликацијата на Тесла ја користат возачите за отклучување и палење на нивните автомобили.

„Се извинуваме, ќе преземеме мерки да спречиме вакво нешто да се повтори“, рече Маск.

За проблемот најпрвин информираше специјализираниот портал за електрични возила Elektrek, кој почна да добива голем број пријави од сопствениците на Тесла од САД и Канада, а потоа и од Европа и Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП