По крајот на квалификациите за Светското првенство во Европа, Македонија ја има историската шанса првпат да игра во бараж за пласман на Мундијалот, но патот е тежок, а противниците многу опасни.
Бидејќи УЕФА ги смени правилата за пласман на СП за овој циклус, сега како второпласирани во групата ќе мораме да победиме во два меча во март ако сакаме да одиме во Катар. Бидејќи не сме носители, односно репрезентации кои биле второпласирани освоиле повеќе поеи од нас, првиот меч го играме на гости со еден од следните противници: Португалија, Италија, Шкотска, Русија, Шведска или Велс.

