Концептот на видеото укажува дека премиум телефонот на „Apple“ ќе има лизгачки секундарен дисплеј, нова технологија „Air Charge“ и многу повеќе.
Следниот „iPhone“ на компанијата се очекува во текот на 2022-ра година, а се сугерира дека ќе спроведе целосен редизајн. Новиот концепт нуди алтернативен изглед на уредот и навестува што „Apple“ би можел да направи со моделот „iPhone 14“.
Видеото кое го прикажува концептот го објави „ConceptsiPhone“, а во него беше демонстриран „iPhone 14“ со два екрани, од кои секундарниот дисплеј е лизгачки.
Тука е и новиот чипсет „A16 Bionic“, технологиите за „Face ID“ и „Touch ID“, како и новата технологија „Air Charge“ за безжично полнење на телефонот.
Сепак, не се очекува „Apple“ да направи таков радикален пресврт во дизајнот на „iPhone 14“, но јасно е дека компанијата мора да направи нешто важно за да се приклучи на ерата на флексибилни телефони.