Фудбалерите на Србија вчера направија неверојатна сензација со драматичната 2:1 победа над Португалија со голот на Александар Митровиќ за пласман на мундијалот, а по мечот покажаа и големо срце.
Пред клучниот натпревар, за тимот на Драган Стојковиќ-Пикси, српскиот претседател Александар Вучиќ вети премија од милион евра и сега фудбалерите во договор со селекторот решија парите да ги донираат за лекување болни деца.
Секоја чест!