28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИдната година три производители на смартфони ќе имаат полнење од 125 W

Идната година три производители на смартфони ќе имаат полнење од 125 W

Веќе се појавија гласини дека „Oppo“ ќе донесе брз жичен полнач од 125 W во серијата „Find X4“ во следната година, но „X4“ и „X4 Pro“ не се единствените паметни телефони во идното трио „Oppo“/„OnePlus“/„Realme“ што ќе ја имаат оваа технологија за 2022-ра година.

„Realme“ е исто така откриено дека ќе го добие, а благодарение на новото протекување на податоци од доверлив „свиркач“ на Твитер, сега знаеме дека предметниот уред ќе се вика „Realme GT2 Pro“.

Покрај тоа, „OnePlus 10 Pro“ ќе има и полнење од 125 W, како и „Oppo Reno8 Pro“, што секако значи дека генерацијата „Reno7“ целосно ќе ја заобиколи оваа технологија за брзо полнење. Што се однесува до телефонот од „Oppo“, засега има непознат уред со брендот „Oppo N“ кој исто така добива полнење од 125W.

Сите овие уреди треба да станат официјални и достапни во првата половина на 2022-ра година, па ќе биде интересно да се види како тие се однесуваат во однос на времето на полнење во споредба со системот 120W на „Xiaomi“ сместен во „11T Pro“, кој има батерија од 5.000 mAh, а од 0 до 100% се полни за само 21 минута. Луда брзина сигурно, но кој знае – можеби новата технологија за полнење на „Oppo“ ќе биде уште побрза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП