19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСируп од моркови кој ја отстранува кашлицата

Сируп од моркови кој ја отстранува кашлицата

Овој сируп може да се пие и како сок бидејќи е исклучително здрав и за имунитетот исто како и за кашлицата…

Иако често го доживуваме како обичен, сепак морковот е крал на зеленчуците – никокалоричен, а суперхранлив и лековит. Исклучително е богат со каротеноиди кои во организмот се претвораат во активен облик на витаминот А. Исто така е добар извор на витамините Б, Ц и К, како и минералите калциум, железо, калиум, манган, магнезиум, фосфор…

Поради каротеноидите односно витаминот А кој е важен за здравјето на очите, морков и традиционално познат како храна за вид, но одличен е и за зајакнување на имунитетот, а ја подобрува и работата на цревата.

Морковот исто така е мелем за дишните проблеми – помага при настинка, кашлица, бронхитис, астма…

Сирупот од моркови е традиционален природен лек против кашлица. Ви претставуваме две варијатни за сирупот од моркови кој се препорачува во количина од 3 до 4 лажички на ден.

1 начин – Потребно ви е: 2,5 дл свеж сок од моркови (свежо исцеден, 2 лажици мед, малку вода).

Кратко сварете го сокот од морковот заедно со медот и водата со постојано мешање.

2 начин – Подгответе 1/2 кг моркови и 4 лажици мед. Морковот исчистете го и исецкајте го на тркалца. Ставете го во сад и прелијте го со вода така што морковот ќе биде прекриен. Варете додека да бидат готови морковите.

Извадете ги од водата испасирајте ги со миксер или блендер. Водата во која се вареа оставете ја да се олади, па во неа додадете го медот и пасираниот морков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП