Македонската фудбалска репрезентација тешко дека ќе може да го надополни искуството, класата и лидерството кое го имаше под незаменливиот Горан Пандев, но сигурно може да добие достоен наследник со капитенската лента на раката на 26-годишниот чаирчанец, Енис Барди.
Повредите не дозволија тој да помогне Леванте да има подобар старт на сезоната во шпанската Ла лига и неговото отсуство се покажа во клубот од Валенсија, а партијата против Ерменија во Ереван, каде што постигна хет-трик покажува дека Барди треба да биде столбот околу кој треба да се гради следниот квалификациски циклус.

