Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ зборуваше за Златан Ибрахимовиќ во интервјуто за „Газета дело Спорт“. Србинот е деклариран навивач на Милан, а Ибра е водачот на „Росонерите“.
„Ми се допаѓа неговата филозофија – што сум постар, толку помладо се чувствувам. Тој е симбол на балканскиот менталитет. Никогаш не се откажува и има многу самодоверба. Препознавам свои особини во него. Има менталитет на победник, кој ги почитува другите“ – вели Ѓоковиќ.

