Тренерот на Рома, Жозе Мурињо одби да ја прими саркастичната награда „Тапиро д’оро“ (Златен тапир), која ја доделуваат комичарите од „Стриша ла нотиција“ за јавни луѓе кои се нашле во незгодна позиција со „долго лице“.
Масимилијано Алегри ја прифати наградата во минатото, но дел од фудбалерите реагираа бесно кога беа „почестени“ – Рикардо Кварезма го удри трофејот од земја кога го доби како фудбалер кој возел најбргу, додека Алехандро „Папу“ Гомез го искрши кога му беше доделен по конфликтот со тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини.

