Најдобриот фудбалер во светот, Светската фудбалска федерација (ФИФА), ќе го прогласи во понеделник, на 17.јануари 2022 година, во Женева.
ФИФА, соопшти дека церемонијата ќе биде виртуелна, како што предвидуваат здравствените протоколи. ФИФА ќе додели 11 награди, од кои најзначајните се оние за фудбалер и фудбалерка на годината.

