5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКога последен пат ја променивте постелнината?

Кога последен пат ја променивте постелнината?

Повеќето луѓе не сакаат да ја менуваат постелнината, што е и научно потврдено. Кога е веќе така – потребно е да знаете колку долго можете да се извлекувате пред навистина да морате да ја исперете постелнината.

Постелнината би требало да ја менувате барем еднаш неделно, под услов на неа да нема никакви телесни течности, како плунка, сперма, траги од урина или фекалии, исцедок поради инфекција на ушите, пот или сл. вели д-р. Мерлин Робертс. Доколку се појават вакви дамки, постелнината треба веднаш да се промени.

Лицата кои во текот на спиењето премногу се потат постелнината треба да ја менуваат барем два пати неделно, со оглед на тоа дека влажната и топла средина го поттикнува развојот на бактерии.

Најмногу внимание на чистотата на постелнината би требало да обрнат дијабетичарите, пливачите и постарите лица, бидејќи се припадници на група која е поподложна на појавата на кожни инфекции од останатите лица.

Домашните миленици никако не би требало да ги пуштате во кревет, па затоа за спиење набавете им посебни креветчиња за миленици.

Последниот совет е повеќе работа на здравиот разум – доколку се појави било каков непријатен мирис, тоа е сосема очигледен знак дека треба веднаш да ја промените постелнината, заклучува Робертс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП