Македонската ракометна репрезентација го доживеа и вториот пораз на во Каиро, од репрезентацијата на Египет. Селекцијата која ја предводи поранешниот тренер на Вардар, Гарсија Парондо, славеше со 31:26.
Македонските ракометари одиграа добри 25 минути, во кои одржуваа предност од два гола. Падот во последните пет минути од првиот дел, Египет го искористи за серија 5:0 и предност 16:13.

