Пред дербито на Манчестер, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, отворено зборуваше за Кристијано Роналдо и неговото враќање кај лутите ривали, Јунајтед, и обидите на неговиот клуб да го донесат на „Етихад“.
Роналдо се врати на „Олд Трафорд“ ова лето по повеќе од една деценија и сигурно ќе биде стартер овој викенд иако има 36 години и е најдобриот стрелец на клубот со 9 гола во 11 меча.
„Тој ќе дава голови цел живот. Ќе има 75 години, можеби ќе биде пензиониран, но на скара ќе игра фудбал и ќе дава голови. Такви типови, како него, како Лео Меси, тоа што го направија последната деценија со голови и со победи, нема што да се коментира. Добро е за Премиер лигата што се врати. Јунајтед му припаѓа на Кристијано и Кристијано му припаѓа на Јунајтед. Тоа е добра врска. Беше во минатото, можеби ќе биде и во иднината. Ќе видиме“, вели Гвардиола за „Скај спортс“.
Тој исто така беше запрашан колку блиску беше Роналдо до Сити по шпекулациите дека сакал трансфер во лутиот ривал на Јунајтед.
„Морате да ги прашате нив. Оле кажа дека не може да го замисли да биде со нас. Морате нив да ги прашате. Мислите дека двајцата се задоволни што се заедно повторно? Тоа е најважното“, вели Гвардиола.