26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Commerzbank“ очекува да се врати на годишната добивка во 2021-ва

„Commerzbank“ очекува да се врати на годишната добивка во 2021-ва

Германската „Commerzbank“ очекува профит за годинава – потенцијален успех за извршниот директор Манфред Кноф и неговиот план за реформи.

Втората по големина германска банка ја објави прогнозата откако оперативната добивка порасна речиси трипати во третиот квартал, а приходите се намалија помалку од очекуваното. Резервациите за лоши заеми, исто така, продолжуваат да опаѓаат – знак за подобрување на прогнозите, според „Bloomberg“.

„Имплементацијата на нашата стратегија продолжува според планираното, а оперативниот бизнис исто така добро се развива“, се вели во изјавата на Кноф за извештајот на доверителот. „И покрај трошоците за реструктуирање, очекуваме позитивни резултати за цела година“, додаде тој.

Кноф, кој ја презеде контролата во јануари, е во процес на спроведување на 4-годишна стратегија фокусирана на штедење. Со него се предвидува и затворање на 10.000 работни места. Сепак, напорите беа попречени од неочекувани трошоци и проблеми со управувањето, во септември беа назначени двајца нови членови на одборот.

Годишниот профит ќе биде важно достигнување за Кноф, кој вети дека ќе го зголеми повратот на доверителот, кој повеќе од една деценија не успеа да ги надомести своите капитални расходи. Минатата година банката ја пријави и првата годишна загуба од 2009-та година.

Знак за подобрување е кварталната оперативна добивка која од 168 милиони евра се искачи на 472 милиони евра. Иако приходите се намалија за 1,3% на 2,01 милијарди евра на годишно ниво, падот беше помал од очекуваното во студијата на „Bloomberg“ од 1,99 милијарди евра.

„Commerzbank“ очекува приходите оваа година да ги надминат минатогодишните. Досега, банката само посочи дека очекува приходите да пораснат „благо“ во 2021-ва година. Тие се зголемени за 3,3% во првите девет месеци од годината во споредба со истиот период во 2020-та година.

Банката досега избегнуваше да дава прогноза за добивката. Неизвесноста произлезе од загриженоста за тоа дали повисоките трошоци ќе го надоместат моментумот на приходите и ќе ги подобрат прогнозите за отплата на заемите.

„Commerzbank“, исто така, продолжува да ја подобрува својата прогноза за резервирања за заеми, наведувајќи дека тие ќе бидат под 700 милиони евра во оваа година – претходно се очекуваше на 800 милиони евра.

Кредиторот направи промени и во очекувањата за капиталниот тампон: до крајот на годината, коефициентот на капитал од ниво 1 ќе биде околу 13,5% во споредба со претходната прогноза од 13%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП