Во последните месеци имаше неколку информации дека и „Peugeot“ ќе се приклучи на трката кај купе теренците. Ваквите модели веќе ги нудат некои од француските конкуренти во Европа, а меѓу новите понуди се и „Renault Arkana“ и „Cupra Formentor“.
Сега за прв пат „Peugeot“ ја потврди ваквата информација објавувајќи фотографии од производствената линија на фабриката на „Stellantis“ во Мулхаус. На неа може да се види покриениот готов автомобил, но не се соопштува неговото име, туку само индексот на производство – „P54“.
Веројатно моделот ќе се вика „3008 Cross“ или „4008“. Ќе се базира на новата генерација на „3008“, а двата автомобили ќе се разликуваат и напред и назад, кои кај „SUV“ купето ќе бидат покоси. Според тоа, просторот во багажникот исто така ќе биде помал. Се претпоставува дека моделот ќе добие и модифицирани фарови и различна решетка, која ќе биде во стилот на концептот „Quartz“ од 2014-та година.
Изненадувањата под хаубата не треба да изненадуваат, бидејќи моторите ќе бидат преземени од стандардниот „3008“. Тоа значи дека два бензински мотори „PureTech“ кои развиваат 130 и 180 ks, „BlueHDi“ турбодизел со 130 ks и „plug-in“ хибридни единици со 225 и 300 ks.
Дополнително, теренецот со четири врати ќе биде развиен на платформата „Stellantis EMP2“ на „PSA“. Ќе биде малку подолг од „3008“, што значи околу 4600 mm. Кросоверот во облик на купе ќе биде претставен на почетокот на 2022-ра година и ќе се составува на производна линија со новите „308“ и „308 SW“.