26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБеше прв флексибилен телефон пред сите, а сега има трета генерација

Беше прв флексибилен телефон пред сите, а сега има трета генерација

Пред точно три години на светскиот пазар се појави првиот паметен телефон со екран на преклопување. Сепак, тоа не беше некој експериментален „Samsung“, „Huawei“ или „Xiaomi“, туку – „FlexPai“, уред на досега непознатата кинеско-калифорниска компанија „Royole“.

Вториот „Royole FlexPay 2“ минатата година беше најприфатливиот паметен телефон со 5G екран со преклоп, со првите 300.000 продадени единици за само 1,8 секунди. Сега, три години подоцна, пристигнува новата трета генерација на „FlexPay“, чии рендери деновиве беа објавени на нивниот Твитер профил од познатиот технолошки дојавувач Еван Блас.

Концептуално, телефонот не се разликува многу од неговите претходници, па нема да има секундарен, односно надворешен екран, туку само голем, до кој ќе се пристапи со отворање на уредот.

Системот на камерата на задната страна на телефонот е сместен во квадратно куќиште, а се состои од два фотосензори и LED блиц. Однапред, каде што се наоѓаат камерите, има „вдлабнатина“ со идентична квадратна форма, па уредот може да се преклопи дури за 360 степени, кога во него ќе се стави модулот на камерата. Уредот има и „pop-up“ селфи камера, на извлекување.

Кога е отворен, „Royole FlexPai 3“ има голем екран од 7,2 инчи. Станува збор за 5G уред со „Android“, кој се напојува со батерија од 3.360 mAh. Другите карактеристики вклучуваат „USB-C“ порта на дното и скенер за отпечатоци од страната на уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП