9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВилиан на прегледи во Тотенхем

Вилиан на прегледи во Тотенхем

vilian

Тотенхем е на пат да ја освои битката со Ливерпул за халфот на Анжи, Вилиан. Според информациите на Островот двата клуба постигнаа договор за цената на Бразилецот, за кого лондончани ќе платат 30 милиони фунти.

25-годишниот фудбалер веќе пристигнал во англиската престолнина, за да ги помине задолжителните медицински тестови. Вчера се појавија информации дека Ливерпул упатил понуда од 30 милиони евра плус 50 проценти од евентуалниот иден трансфер на Вилиан.

Понудата на Тотенхем сепак била поприфатилва за Анжи, а и сaмиот играч исто така го избрал Тотенхем.

Во случај трансакцијата биде финализирана, тоа значи дека Тотенхем ќе е блиску до границата од 90 милиони фунти за летни купувања, откако лондончани веќе ги доведоа Роберто Солдадо, Насер Шадли, Етиен Капуа и Паулињо.

Трансферот на Вилиан, кој може да игра зад напаѓачот, како и двете крила, може да се смета и за скоро сигурен знак за тоа дека во најскоро време ќе биде финализирана и продажба на Герет Бејл во Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП