Легендата на Барселона и шпанскиот фудбал, Чави Ернандез, се враќа на „Ноу Камп“. Чави, се договорил да ја предводи Барселона до крајот на сезоната, со опција договорот да биде продолжен на уште два години, тврди каталонскиот „Спорт“.
Директорите на Барселона, Хусте и Алемани, во Доха успеале да постигнат договор со првиот човек на Ал Сад, Мохамед бин Хамад. Тој се согласил да го ослободи Чави од договорот со неговиот клуб.

