6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуни го впери прстот кон играчите на Манчестер јунајтед

Руни го впери прстот кон играчите на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед е тема на која секојдневно се дебатира во Англија. Тимот од „Олд Трафорд“, нема победа на последните четири натпревари во Премиер лигата, а во неделата доживеа катастрофален пораз од Ливерпул (0:5).

Вејн Руни е најдобриот стрелец во историјата на славниот клуб. И тој се вклучи во дебатата. Стрелецот на 253 гола за Јунајтед, прстот го вперил во фудбалерите, без да го поддржи тренерот Оле Гунар Солскјер.

„Образовани луѓе се наоѓаат на чело на клубот. Знам дека тие ќе направат се клубот да има светла иднина, со Солскјер или без него тоа не е важно. Играчите треба да се запрашаат што се случува. Лесно е да ја префрлите одговорноста на менаџерот. Фудбалерите се тие со големи плати. Не го работат добро она за што се платени“, рекол Руни.

„Играчите имаат голема одговорност. Тие се меѓу најдобрите во светот, секогаш треба да му дадат на клубот повеќе од она што го можат. Тие мора да почувствуваат болка кога ќе загубат натпревар. Во Јунајтед постои притисок, очекувањата се големи. Мислам дека во клубот има многу играчи што не сакаат да трчаат назад, играчи на кои не им се игра одбрана и ки не го даваат својот максимум. Тоа едноставно не е прифатливо“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП