25 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПобарувачката за автомобилски батерии го поддржа бизнисот на „Panasonic“

Побарувачката за автомобилски батерии го поддржа бизнисот на „Panasonic“

Јапонската компанија „Panasonic“ ја зголеми прогнозата за својот годишен оперативен профит за 12%, поддржан од побарувачката за автомобилски батерии и опрема за фабричка автоматизација, пренесува „Reuters“.

„Panasonic“ ја зголеми прогнозата за профитот за годината до 31-ви март на 370 милијарди јени (3,25 милијарди долари) од 330 милијарди јени претходно. Сумата е поголема од очекуваната од 20 аналитичари анкетирани од „Refinitiv“, кои веруваат дека ќе достигне 368,1 милијарди јени.

Оваа повисока прогноза во голема мера се должи на зголемувањето на вредноста на 20 отсто од акциите на компанијата во „Blue Yonder“ до 58,3 милијарди долари по купувањето на остатокот од американската компанија за 7,1 милијарди долари во септември.

Стекнувањето е дел од стратегијата за оддалечување од потрошувачката електроника со ниска маржа. Конгломератот, исто така, го проширува својот бизнис со автомобилски батерии и ја зголемува продажбата на машини до производствените компании.

„Panasonic“ го продаде својот удел во „Tesla“ за околу 400 милијарди јени за да го финансира купувањето на „Blue Yonder“, кој користи машинско учење за да им помогне на компаниите да управуваат со нивните синџири на снабдување преку поврзување на фабриките со магацините и трговците на мало.

И покрај продажбата на уделот на „Tesla“, компанијата ја зголемува продажбата на батериите за автомобили на американската компанија, додека глобалната побарувачка за електрични возила расте, со оглед на построгите ограничувања за јаглерод.

Во понеделникот, „Panasonic“ претстави нов голем прототип на батерија што ќе и помогне на „Tesla“ да ги намали трошоците за производство.

За трите месеци до 30-ти септември, „Panasonic“ објави добивка од 96,8 милијарди јени, што е повеќе од 92,8 милијарди јени добивка од пред една година. Сепак, сумата е под прогнозата од 105,9 милијарди јени, дадена од 9 аналитичари анкетирани од „Refinitiv“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар