3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез очекуваат близнаци

Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригез очекуваат близнаци

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, и неговата партнерка Георгина Родригез објавија дека нивното семејство ќе се зголеми за уште два члена потврдувајќи дека Георгина е бремена со близнаци.

36-годишниот Роналдо, кој има уште четири деца, од кои едно со 27-годишната Георгина, го потврдија ова на „Инстаграм“ објавувајќи дека нивните срца се полни со љубов.

„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека чекаме близнаци. Нашите срца се полни со љубов, едвај чекаме да ве сретнеме“, се вели во објавата.

Роналдо ги има 11-годишен син – Кристијано Јуниор, четиригодишните близнаци Ева и Матео и тригодишната ќерка Алана, чија мајка е Георгина. Оваа вест доаѓа откако Георгина во промоцијата на новиот документарец на „Нетфликс“ за нејзиниот живот изјави дека очекува Кристијано да ја побара за жена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП