Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона. Холанѓанецот доби отказ по поразот од Рајо Ваљекано. Барселона, синоќа, загуби на „Ваљекас“ со 1:0. Отказот на Куман му го „потпишаа“, стрелецот на голот Радамел Фалкао и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој му одбрани пенал на Мемфис Депај, во финишот на натпреварот.
Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, му го врачил отказот на Куман, веднаш по поразот во Мадрид. Барселона од почетокот на сезоната има пет порази во сите натпреварувања. Три од нив се во Примера, два во Лигата на шампионите.

