28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе се залажувајте: Ова е најлошиот зеленчук за слабеење

Не се залажувајте: Ова е најлошиот зеленчук за слабеење

Ако сакате да го сочувате добрто здравје и да направите најмногу што можете за косата и ноктите, вашата исхрана би требало да биде заснована на зеленчукот кој е преполн со витамини и минерали и често е нискокалоричен.

Многу нутриционисти често на клиентите им кажуваат дека можат да јадат зеленчук колку што сакаат, што не е целосно точно, откриваат експертите од Школата на Харвард за јавно здравје, која спроведе истражување во врска со навиките во исхраната на 130.000 возрасни луѓе.

Истражувањето траело 20 години, а на секои четири години испитаниците ги известувале научниците за своите навики и ја мереле килажата на секои две години со цел истражувачите да можат да забележат поради што се здебелиле, ги задржале истите килограми или ослабеле.

Благодарение на деталните податоци, истражувачите успеале да ги издвојат намирниците кои лошо влијаат на нашата фигура, а меѓу нив се најдоа и неколку зеленчуци.

Станува збор за пченката, покрај која на листата се најде и останатиот зеленчук полн со скроб, како компирите и грашокот.

Овие зеленчуци се неверојатно здрави, но доколку сакате да ослабите држете се до зелениот лиснат зелечнук, пиперките, морковите, а скробот оставете го за некои подобри денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП