20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинескиот „Rolls-Royce“ веќе е на европско тло (ВИДЕО)

Кинескиот „Rolls-Royce“ веќе е на европско тло (ВИДЕО)

Предводникот на кинескиот производител „FAW Group“ – брендот „Hongqi“ (во превод – црвено знаме), ги обезбеди првите испораки на својот „SUV“ модел „E-HS9“ во Норвешка. Така концернот го започна планираното европско проширување.

„Hongqi“, омилениот бренд на Мао Це Тунг, претрпе голема трансформација во последните години со лансирањето на неколку возила со модерен изглед. Ова главно се должи откако компанијата го ангажираше поранешниот главен дизајнер на „Rolls-Royce“- Џајилс Тејлор.

Највисоко во гамата е „E-HS9“ – целосно електричен и многу луксузен теренец, кој ја започнува европската инвазија на марката. Кинеската компанија соопшти дека примила повеќе од 500 нарачки за моделот во Норвешка, а првата серија на електрични автомобили веќе е испорачана во оваа скандинавска земја.

Електричниот автомобил ќе биде достапен со избор од две батерии – со 84 или 99 kW/h, што овозможува автономија од 395 или 465 километри со едно полнење. И двата типа го поддржуваат „CCS2“ системот за брзо полнење од 110 kW. Ова му обезбедува моќ на системот со два електромотори, кој развива 429 ks во основната верзија „Comfort“ и 543 ks на „Premium“ и „Exclusive“ верзиите.

Помоќната модификација крева до 100 km/h од место за 4,9 секунди, а максималната брзина е ограничена на 200 km/h. Цените во Норвешка започнуваат од 63.454 евра за основниот модел и од 79.800 евра за врвните верзии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП