Зајн Али Салман, петгодишното дете што стана сензација со своите неверојатни способности со топката, почна да работи во академијата на Арсенал, кои лани му дадоа првичен договор кога имаше само четири години.
Видеата на кои Зајн го покажува својот талент собраа илјадници прегледи и му го донесоа прекарот малиот Меси, а сега тој почна да работи. Салман се фотографира со менаџерот на академијата на Арсенал, Пер Мертезакер, како и со скаутот Стивен Динс, кој беше импресиониран.

