Јувентус се уште ги чувствува последиците од заминувањето на Кристијано Роналдо. Португалецот го напушти Торино на 28.август, тој по 12 години се врати во Манчестер јунајтед. Капитенот Џорџо Кјелини мисли дека трансферот требало да се случи порано, тимот немал време да се адаптира на заминувањето на Роналдо.
„Ја започнавме обновата, ова е нов почеток. Да останеше Роналдо, тимот ќе имаше дополнителен квалитет, со задоволство ќе го користевме неговиот потенцијал, но тој повеќе размислуваше за сегашноста отколку за иднината. Замина на 28.август, ќе беше подобро за нас доколку заминеше порано. Неговата одлука предизвика шок и тоа го плативме со губењето на бодови. Да си заминеше на 1.август ќе имавме повеќе време да се подготвиме за она што не очекува“, изјави Кјелини за ДАЗН.

