Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 74.место на ФИФА листата. Македонија, во октомври одигра два натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство, забележа победа и пораз. Од противниците со кои Македонија се бор за место на Мундијалот, на ФИФА листата, напредуваа Германија и Романија, назадуваа Исланд и Лихтенштајн, додека Ерменија остана на местото на кое беше и во септември.
Според октомвриската листа на ФИФА, пред Македонија се Германија 12 (+2), Романија 41 (+1) и Исланд 62 (-1), позади се Ерменија 89, Лихтенштајн 190.



