Манчестер јунајтед повторно им приреди меч за „срцев напад“ на своите навивачи, враќајќи се за 3:2 победа над Аталанта откако по првите 30 минути игра губеа со 0:2 од италијанскиот прволигаш. Но, тимот на Оле Гунар Солскјер, кој беше очаен во првото полувреме, се врати со два гола, пред Кристијано Роналдо да им ја донесе победата во 81. минута од мечот.
Во другите мечеви, Баерн Минхен во второто полувреме ја растури Бенфика со 0:4, Јувентус со гол на „отпишаниот“ Дејан Кулушевски стигна до 0:1 победа кај Зенит Санкт Петерсбург, додека Челси со 4:0 го декласираше Малме со два гола од пенал.
Мечот започна пеколно за Јунајтед – Марио Пашалиќ во 15. минута најави сензација на „Театарот на соништата“, за Мерих Демирал во 29. минута да ги замолчи навивачите на „ѓаволите“. Меѓутоа, како повеќе пати оваа сезона, токму под притисок, тимот на Оле Гунар Солскјер заигра.
Во 53. минута, Маркус Рашфорд го постигна вториот гол во вториот меч по камбекот, пред во 75. минута, капитенот Хери Мегваер, кој беше виновен за двата гола на Аталанта, да израмни на 2:2. Спасител, пак, како на мечот со Вилјареал, беше Роналдо, кој во 81. минута ја натскока одбраната на Аталанта за победа.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО
ГРУПА Е
Бенфика – Баерн Минхен 0:4
ГРУПА Ф
Манчестер јунајтед – Аталанта 3:2
Јанг Бојс – Вилјареал 1:4
ГРУПА Г
Лил – Севилја 0:0
ГРУПА Х
Челси – Малме 4:0
Зенит Санкт Петерсбург – Јувентус 0:1