Вселенското летало Луси на НАСА во саботата започна мисија да ги истражи астероидите на Јупитер.
Лансирана од ракета Атлас В од Кејп Канаверал, Флорида, Луси тргна во 12-годишна мисија, за време на која ќе помине скоро 6,5 милијарди километри во вселената.
Сондата долга над 14 метри, напојувана со бензин и батерии, може да се полни со помош на соларни панели.
Ќе лета во близина на Тројанците, седум астероиди на Јупитер.
Тројанците се астероиди кои орбитираат околу Сонцето уште пред Јупитер, се движат еден по друг.
Се смета дека Тројанците се „остатоци од првобитниот материјал што ги формирал надворешните планети“, поради што НАСА се надева дека мисијата ќе обезбеди нов увид во формирањето на планетите и Сончевиот систем.