Боксерската легенда Мајк Тајсон, човекот кој се нарекуваше „најлошиот човек на планетата“ и кој одгриза уво на својот ривал во рингот, вели дека марихуаната и магичните печурки му помогнале да стави крај на лудиот начин на живот и да го пронајде Бог.
Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија признава дека не очекувал да го доживее својот 40. роденден паѓајќи во спиралата на користење на алкохол и дроги. Тој беше осуден. Тој вторпат заврши во затвор во 2007 година откако возеше под дејство на алкохол и за малку ќе се удреше во полициско возило. Од 2016 година, тој се „откачи“ од дрогите и алкохолот и „вторпат“ беше роден.

