„Oppo“ го претстави својот флексибилен модел „Oppo X за 2021-ва во минатата година, но тоа беше концепт уред за кој немавме повеќе детали после тоа. Компанијата сега има вистински флексибилен телефон во подготовка, кој ќе се натпреварува со модели како што се „Huawei Mate X2“ и „Samsung Galaxy Z Fold3“.
Дојавувачот „Digital Chat Station“ ни нуди увид во некои детали за овој телефон, пред неговото објавување. Според наводите, флексибилниот телефон на „Oppo“ ќе спроведува систем за преклопување на екранот навнатре, а внатрешниот екран ќе има големина од 7,8 до 8,0 инчи.

