Елверум направи сензација во ЕХФ Лигата на шампионите, откако успеаја со 34:30 на гости да ги победат Пик Сегед за сега да нема непоразени во групата А, каде што и македонскиот шампион Вардар вчера го доживеа првиот пораз.
По три кола, Сегед беа непоразени во групата А, додека Елверум имаа освоео само два поени од две ремија, но норвешкиот клуб успеа да победи сред Унгарија предводени од унгарски ракометар, Доминик Мате, кој беше одличен покрај 20-годишниот Тобијас Грондал кој постигна 9 гола. Сега, на врвот на групата А, Алборг и Кил имаат по шест поени, додека по пет имаат Монпелје, Сегед и Вардар.

