Душан Влаховиќ ќе ја напушти Фиорентина. Прашање е само дали тоа ќе се случи во зимскиот или во летниот преоден рок. Српскиот напаѓач одби да го продолжи договорот со „виолетовите“, со што го стави клубот пред свршен чин. Наредното лето, Фиорентина ќе мора да го продаде доколку сака да заработи од неговиот трансфер.
Долга е редот на клубовите кои се заинтересирани за 21-годишниот напаѓач. Минатото лето Фиорентина одби 60 милиони евра од Тотенхем и Атлетико Мадрид. Планираа тимот да го градат околу Влаховиќ, но тој ја одби рекордната понуда од 40 милиони евра за пет сезони.

