2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧичарито и се заблагодари на Валенсија, но останува во Јунајтед

Чичарито и се заблагодари на Валенсија, но останува во Јунајтед

cicarito

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Хавиер Ернандез ја отфрлил можноста да премине во шпанскиот прволигаш Валенсија. Причината за ваквиот потег е тоа што тој има желба да се докаже на „Олд Трафорд“ и да им помогне на „црвените ѓаволи“ да ја одбранат титлатата во Премиерлигата.

Мексиканец е со статусот на резерва во Јунајтед, но е амбициозен да се докаже кај новиот менаџер Дејвид Мојс дека има место во составот.

„Се разбира, тој сака да игра повеќе, да бележи повеќе минути на теренот, да има посериозно учество, но неговата желба е да остане во Јунајтед. Хавиер сака да му помогне на тимот да ја одбрани титулата и да одат што е можно подалеку во Лигата на Шампионите. Интересот од страна на Валенсија беше реален. Тој имаше можност да зборува со директор на шпанскиот тим, но Хавиер, повторувам, сака да остане во Манчестер Јунајтед. Тоа е предизвикот за него. Тој е многу благодарен на Валенсија и останатите клубови кои го побараа“, изјави агентот на Чичарито – Едуардо Хернандез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП