Англичаните пропуштија шанса да обезбедат место на Мундијалот во Катар, откако одиграа 1:1 со Унгарија на „Вембли“, додека Португалија и Србија ја продолжуваат борбата за првото место во групата А со победи – Португалците со 5:0 го здробија Луксембург предводени од хет-трикот на Кристијано Роналдо, додека Србија се намачи, но стигна до 3:1 победа над Азербејџан.
Роналдо постигна два гола во првите 13 минути од пенал, за во 90. минута да стави точка на натпреварот, откако Бруно Фернандеш и Палиња дадоа по еден гол за Португалците. Србија пак, се намачи со Азербејџан – прво Душан Влаховиќ ги донесе во водство со гол од пенал, пред Махмудов да израмни во финишот на првото полувреме по грешката на одбраната на домаќините. Влаховиќ во 53. минута пак стрелаше за 2:1, пред Душан Тадиќ во 83. минута од пенал да ги постави конечните 3:1.

