Бруклин нетс потврдија дека Кајри Ирвинг нема да тренира, ниту да игра за тимот додека не ги почитува правилата на државата Њујорк, односно додека одбива да се вакцинира против КОВИД-19, а генералниот менаџер Шон Маркс, вели дека тие немале избор во одлуката.
„Тој треба да направи избор, и засега го има направено тој избор. Мојата работа е да ја донесам најдобрата одлука и најдобриот избор за тимот. Знам дека моите одлуки нема да наидат на одобрување, и ова беше тешка одлука, како што верувам дека одлуката на Кајри да не биде со соиграчите беше тешка“, вели Маркс.

