Тажна вест утрово ја потресе ракометна Македонија. На 38-годишна возраст, од непознати причини, почина поранешната репрезентативка, Јулија Николиќ (порано Портјанко).
Јулија Николиќ, во Македонија пристигна во 2003 година во Кометал Ѓорче Петров. Дресот на Кометал го носеше шест години, а потоа играше за Ушкудур, Арвор и Звезда Звенигород.

