вторник, 27 септември 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој лекува настинка: Брзо се подготвува, брзо делува!

Напиток кој лекува настинка: Брзо се подготвува, брзо делува!

Обичната настинка, назалните полипи, девијацијата на септумот и алергискиот ринитис можат да предизвикаат блокада на синусите, а за тоа постои природен лек.

Синузитис, односно воспаление на слузокожата на параназалните шуплини е честа појава кај многу луѓе. Во нормални околности синисуте се полни со воздух. Меѓутоа, кога ќе дојде до блокада, тие се полнат со бактерии, течност во која има вируси, габи и сето тоа може да доведе до опасни инфекции.

Главната состојка на рецептот е јаболков оцет, за кој знаеме дека е полн со витамини, влакна, андтиоксиданти и минерали. Тоа го зајакнува имуниот систем и ја подобрува општата здравствена состојба.

Потребно е: четвртина шолја органски јаболков оцет, половина шолја органска кокосова вода, лажичка лута црвена пиперка, свеж цеден лимон, лажичка органски мед.

Подготовка: Кокосовата вода загрејте ја во тенџере па пресипете во шолја. Додадете го јаболковиот оцет и добро промешајте.

Оставете да се олади на собна темепература а потоа додадете го медот и црвената пиперка. Повторно добро промешајте, а на крајот додајте го лимоновиот сок и повторно промешајте.

За најдобри резултати овој напиток консумирајте го на празен стомак, пред доручек и доцна навечер, пред да легнете да спиете. Слободно консумирајте го овој напиток додека инфекцијата не помине.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП