Кристијано Роналдо и сингапурскиот бизнисмен Петер Лим веќе не се само добри пријатели, туку се и блиски бизнис партнери, откако го објавија новиот бизнис со име „Зују ГП“.
Компанијата на Лим, „Минт медија“ повеќе години е носител и администратор на правата на ликот на Роналдо, освен на тие кои се поврзани со клубот со кој игра португалецот. Сега, нивното партнерство се зголемува со платформа која треба да ги обедини фудбалот, технологијата и комуникациите.

