Британскиот боксер Тајсон Фјури (31-0-1) покажа и докажа дека во моментов е навјеројатно најдобриот „тешкаш“ во светот на боксот откако рано утринава во Лас Вегас во спектакуларен меч во 11. рунда го нокаутираше предизвикувачот Дионтеј Вајлдер (42-2-1).
„Кралот на циганите“ како популарно се нарекува Фјури по оваа борба ќе има можност да се бори да освои појас во сите 5 категории во различните организации. За да се случи тоа тој ќе мора да го почека ревашнот меѓу Џошуа и Усик, па да го предизвика подобриот од тој дуел.

