20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДожд од дронови: Спектакуларно шоу на ноќното небо, одеднаш се претвори во...

Дожд од дронови: Спектакуларно шоу на ноќното небо, одеднаш се претвори во кошмар за посетителите(ВИДЕО)

Организаторите го обвинија конкурентскиот производител на дронови за инцидентот и пријавија во полиција.

Спектакуларната изведба на дронови на ноќното небо над кинескиот град Женгжу, брзо се претвори во кошмар кога одеднаш почнаа да паѓаат малите зујалици врз насобраната толпа.

Видеата што се шират како пожар на социјалните медиуми прикажуваат рој од дронови кои изведуваат небесно шоу, додека во еден момент не почнаа да губат на височина и еден по еден да паѓаат врз насобраната толпа.

На снимката се гледа како луѓето бегаат за да избегнат да бидат погодени од дрон.

Според Вицеу, во инцидентот учествувале околу 200 дронови вклучени во шоуто. Заедно со оние што завршија на подот, некои излегоа од контрола и одлетаа во непознат правец, други удрија во дрвја и останаа заглавени таму.

Целиот инцидент бил пријавен во полиција, бидејќи наводно организаторите го обвиниле конкурентскиот производител на дронови дека се вмешал и уништил дронови. Според дрон-диџејот, конкурентите наводно го преоптовариле навигацискиот систем на дроновите со еден вид хакерски напад, поради што организаторите ја загубиле контролата врз беспилотните летала.

https://www.youtube.com/watch?v=StxRZT96rww

Што точно стои зад тоа, останува да открие истрагата, и можеме само да кажеме дека тоа сигурно не беше пријатно искуство за гледачите. Колку и да беше убаво шоуто на почетокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП