25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Huawei“ не се откажува од Европа, пристигнуваат „Nova 8i“ и „Nova 9“

„Huawei“ не се откажува од Европа, пристигнуваат „Nova 8i“ и „Nova 9“

Кинескиот гигант „Huawei“ не се откажува од европскиот пазар и наводно наскоро ќе претстави два нови телефони од серијата „Nova“. Според „WinFuture“, тоа треба да бидат „Nova 8i“ и „Nova 9“, и најверојатно и двата модели ќе пристигнат без „GMS“ поддршка како и сите неодамнешни телефони на „Huawei“.

„Nova 8i“ има 6 GB РАМ и 128 GB меморија и наводно ќе чини 350 евра, додека неодамна објавената „Nova 9“ ќе има 8 GB РАМ и 128 GB меморија, по цена од 550 евра. Нема информации кога двата телефони би можеле да се најдат во продажба.

Двата „Nova“ телефони ќе користат „HarmonyOS 2“ од почеток и ќе имаат 4G конекција. Тие се напојуваат со батерија од 4.300mAh, со поддршка за брзо полнење од 66W. „Nova 8i“ работи со чипсетот „Snapdragon 662“, додека „Nova 9“ го користи „Snapdragon 778G“ во 4G варијанта.

„Huawei Nova 9“ има 6,57-инчен „OLED3 дисплеј со брзина на освежување од 120Hz и главна камера од 50MP на задната страна. „Nova 8i“ нуди 6,67-инчен „LCD“ екран со пресек за селфи камера од 16MP, додека на задната страна е главната камера од 64MP.

„Huawei“ вчера објави соопштение во кое го објави настанот, што ќе се одржи на 21-ви октомври во Виена, за време на кој ќе биде претставен новиот телефон од серијата „Nova“. Останува да видиме за кој од двата споменати модели конкретно станува збор и дали ќе бидат објавени „Nova 8i“ и „Nova 9“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП